За нас

Профил на заводот

ЈУ Завод за заштита и рехабилитација – Бања Банско е установа која згрижува, негува, едуцира и рехабилитира лица со телесен инвалидитет и е единствена установа од ваков тип во Република Северна Македонија.

Установата се наоѓа на влезот на Струмичкото село Банско, во близина на хотелот “Цар Самуил”, под падините на планината Беласица. Се состои од два објекта со дворна површина од 22 000 метри квадратни, која е уредена со зелена површина, дрвја, цвеќиња и патеки за корисниците да може да се шетаат.

Установата првпат е пуштена во употреба на 29 јуни 1974 година од Лејди Сју Рајдер од Англија, која и ја финансирала изградбата на објектот. Во проектот е предвидено корисниците да може да се школуваат во установата. За таа цел примени се наставници за изведување на настава за основно образование, па во склоп на Заводот до ден денес успешно функционира училиштето. Бројот на корисниците постојано се зголемувал, поради што во 2001 година почнал да се гради и друг објект, кој е пуштен во употреба 2004 година, со што се подобруваат и условите за живот на корисниците. Капацитетот на Установата изнесува 65 легла. Моментално во нашата установа има сместено 61 корисник кои потекнуваат од региони на цела Република Северна Македонија, заради тоа што е единствена Установа која згрижува лица со тешка попреченост во физичкиот развој на ниво на цела држава.

ЈУ Завод за заштита и рехабилитација – Бања Банско е државна институција и е под директна надлежност и заштита на Министерството за труд и социјална политика, кое и го сносува најголемиот дел од трошоците и финансирањето и Министерството за образование.

На 2 септември 2007 година целосно беше опожарена едната зграда (постарата). Пожарот однесе и три човечки жртви, малолетни деца, корисници во Заводот. Сега зградата целосно е обновена, со помош на средства од Владата на Република Северна Македонија и донации од фирми и физички лица, на кои им изразуваме огромна благодарност за несебичната помош и хуманоста. Објектот е пуштен во употреба на 8 септември 2008год.

Основач

Лејди Сју Рајдер

Приказната за Госпоѓа Сју Рајдер стана легенда. Луѓето кои го следеа нејзиниот пат, продолжија да ја работат нејзината несебична работа.

Госпоѓа Рајдер е родена во 1923 година во Јоркшир, Велика Британија. На 18 годишна возраст таа активно учествувала во Втората Светска Војна во воената мисија на специјалните сили на британската армија. “Ние младите, тогаш се договоривме дека оние кои ќе ја преживеат војната не треба да подигнуваат скапи споменици на жртвите од фашизмот” – Живи Меморијали, рече многу подоцна Госпоѓа Рајдер.

Слободно контактирајте нѐ

Контакт детали

Адреса: с. Банско о. Струмица
Тел: +389 (0) 34 377 169
И-мејл: juzzr-st@mtsp.gov.mk

    ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

    Едукација – Нега – Развој

    Skip to content