Завод за заштита и рехабилитација

Дејност

Основна дејност на Заводот е заштита, рехабилитација, нега и едукација на нашите корисници – лица со попреченост во физичкиот развој.

За да ја оствари нормално, непречено и ефикасно основната дејност Заводот организациски е поделен на повеќе оддели и тоа:

Се наоѓа на горниот кат од постариот објект и двата спрата од новата зграда. Се состои од повеќе простории: спални соби, простории за дневен престој и забава, санитарии со купатила за лична хигиена, кујна и трпезарија. Повеќе за стационарот и сместувањето може да погледнете овде.

Во Установата се остварува организирана настава од прво до осмо одделение, по планот и програмата за редовна настава кои се во склад со законот за основно образование на Република Северна Македонија, но кај одредени ученици поради нивните намалени способности и можности истата е редуцирана.
Моментално има 3  корисници запишани во основно образование кои посетуваат редовна настава. Наставата ја изведуваат наставници и се изведува во опремени училници, кабинет по музичко. 

Обезбедува примарна здравствена заштита и рехабилитација, целосна грижа и нега за здравствената состојба на секој поединец. Примарната здравствена заштита се одвива преку матичен (општ) лекар кој доаѓа трипати во неделата (понеделник, среда и петок), ја прати здравствената состојба кај сите корисници и по потреба ординира медикаментозна терапија или по ги упатува на лекар специјалист. По потреба се повикува специјалист-физијатар кој се консултира за стручно мислење во врска со ординирањето и обавувањето на физикална терапија кај корисниците. Рехабилитацијата опфаќа и физикална терапија која ја обавуваат дипломиран физиотерапевт и физиотерапевти-техничари.
Физикална терапија која се применува во нашата установа:

  • електро терапија
  • кинези терапија
  • мануелна и електро масажа
  • парафино терапија

Целта на овој вид рехабилитација е да ја одржува нивната психо-физичка состојба активна, борба против декубитусите, против контрактурите, да ги одржува нивните постоечки психо-моторни активности и се разбира ако се работи за помлади корисници да овозможи создавање на нови движења.

Се грижи за хигиената, за набавка на прехрамбени намирници и средства за одржување на хигиената во установата како и средства за лична хигиена на корисниците. Се грижи и за правилно чување и приготвување на оброците. Храната се подготвува во установата во убаво опремена кујна, доручекот, ручекот и вечерата се спремаат од страна на двајца готвачи кои работат во смени.
Во овој оддел спаѓа и административно-книговодствената работа.

Овде спаѓа стручниот персонал во Заводот, кој пред се се грижи за психичката добросостојба на корисниците. Во установата има комплетен стручен кадар кој вклучува: психолог, социјален работник, социолог, дефектолози, педагог и дипломиран физиотерапевт. Со корисниците континуирано се работи на нивната рехабилитација, социјализација, ментално здравје, едукација, ослободување од анксиозноста, стресот, надминување на меѓусебните конфликти, ослободување од комплекси и фрустрации, работно ангажирање. Со нив се работи индивидуално или групно, во зависност од потребите и можностите.

Групата на корисници кои се сместени кај нас е хетерогена во секој поглед, па за да се обезбеди ефикасно функционирање, корисниците се делат во повеќе групи:

Полова структура

  • Машки
  • Женски

Старосна структура

  • Прва група од 18-25 години (премин кон млад возрасен)
  • Втора група од 25-40 години (млад возрасен)
  • Трета група од 40-60 години (зрел возрасен)
  • Четврта група од 60 до смртта (возрасен што старее; трета доба од 60-75години)

Национална структура

  • Македонци
  • Албанци
  • Турци
  • Роми
  • други

Во нашата установа има згрижено корисници со најразлични дијагнози, меѓу кои најчесто присутни се: Церебрална парализа, Параплегија, Детска парализа, Прогресивна мускулна дистрофија, Мултиплекс-склероза, разни облици на дегенеративни конгенитални малформации и други.

Од овој приказ може да се забележи хетерогеноста на корисниците, која што предизвикува одредени потешкотии во совладувањето и реализирањето на нацрт програмите по кои се работи во Установата.

Заради долгите години на институционализација и поприлично изолираната средина, кај самите корисници се појавува взаемна нетрпеливост која резултира со чести конфликти, кои од своја страна врз нив делуваат доста стресно и фрустрирачки. Постојат стереотипни сфаќања, лични фрустрации, предрасуди, ниско самопочитување, намален праг на толеранција итн. Преку повеќе техники и методи ние се трудиме да им го олесниме животот, да ги ресоцијализираме, да им помогнеме да ги решат проблемите, преку посматрање, интервју, разговор, сугестии, укажувања, подигање на свеста за самопочитување како и настојување за почитување на куќниот ред.

Нашата институција е опфатена исто така со процесот на деинституционализација. Деинституционализацијата е процес на кој со измените и дополнувањето во Законот за социјална заштита му се дава клучно место. Имено, искуствата добиени од меѓународната соработка со земјите членки на ЕУ и од искуствата добиени од нашата пракса покажаа дека моделот на големи институции треба да се замени со други облици на заштита на корисниците.

Во рамките на процесот на деинституционализација во законот извршено е подобрување на решенијата поврзани со обликот “сместување во згрижувачко семејство”. Помеѓу другото утврден е максималниот број кој може да биде згрижен во семејството (пет лица) но оваа бројка ќе биде прилагодена во зависност од категоријата на сместените лица во едно згрижувачко семејство. Со имплементацијата на овие вонинституционални форми на социјална заштита ќе се овозможи и спроведувањето на процесот на деинститунализација што пак ќе значи приближување до семејството, односно до локалната заедница, можност за реинтегрирање во заедницата но и повисок квалитет на услуги заради индивидуалниот третман на овие лица. Од друга страна на подолг рок тоа ќе значи и намалување на трошоците.

Основната   димензија   на   процесот   на   деинституционализација   епромена   во   начинот   на   кој   се   обезбедуваат   услугите   за   лицата   со попреченост што подразбира процес во заедницата, учество на разновиднидаватели на услуги, афирмација на достоинството на лицата со попреченост и зајакнување на корисниците да се вклучат во сите сфери на општествениот живот.   Со   процесот   на   деинституционализација   се   мотивира   корисникот   да преземе   различни   улоги   и   да   води   целосен   социјален  живот. Вонинституционалното живеење значи дека на поединците со попреченост им е  овозможено  да  имаат  поголема  контрола над  својот живот и  дневнитеактивности кои ги остваруваат и целосна  и ефикасна инклузија   и учество во општеството.

Деинституционализацијата,   како   процес   на   премин   од   институционална кон  грижа  во   заедницата,   во   нашата установа  започна во 2019-тагодина кога првите 7 корисници  институционалното живеење го заменија соживеење во Оддел за самостојно живеење со поддршка. Во 2020-та година уште двајца корисници беа опфатени со процесот на деинституционализација. Во моментот   7   корисници   се   деинституционализирани   и   живеат   во   две   станбениединици   за   самостојно   живеење   со   поддршка   (5   корисници   во   станбената единица во Струмица и 2 корисници во станбената единица во Добрејци). На корисниците   кои   се   опфатени   со   процесот   на   деинституционализација   им   е овозможена   поддршка   во   секојдневното   функционирање   од   страна   н анегуватели   вработени   во   нашата установа   и   асистенти   ангажирани   од Општинската организација  на Црвен крст во Струмица.  Периодично стручни лица од заводот вршат посети на деинситуционализираните корисници со цел увидиво   тековното живеење и стручна   психосоцијална   поддршка.   Корисниците сместени во станбените единици имаат пристап до услугите кои се нудат на локално ниво – здравствена заштита, социјална  заштита, културен   живот,   јавен превоз, вработување.

Слободно контактирајте нѐ

Контакт детали

Адреса: с. Банско о. Струмица
Тел: +389 (0) 34 377 169
И-мејл: juzzr-st@mtsp.gov.mk

    ЗАВОД ЗА ЗАШТИТА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА

    Едукација – Нега – Развој

    Skip to content