Персонал

Директор

Вршител на должноста Директор на ЈУ Завод за заштита и рехабилитација – Бања Банско е Ѓорѓи Пиљафов, по професија дипломиран физиотерапевт. На функцијата Директор на Завод Банско е од 2024 година.

Својата функција, која пред се подразбира менаџирање со самата установа ја врши со голема посветеност и насоченост кон поуспешно интегрирање во надворешната средина на корисниците, кое подразбира нивна социјализација, едукација и активирање во одредени области. Со оглед на природата на установата, работните задачи и обврски на Директорот се доста комплексни и захтевни како од правен така и од хуман аспект, при што успешната соработка со Министерствата и други надворешни странки е неминовна.

Покрај гореспоменатото Директорот ја организира работата и раководи со установата, ја застапува и претставува истата, непосредно раководи со стручната работа и се грижи за нејзиното напредување. Предлага програма за работа и превзема мерки за нејзино спроведување, ги спроведува правосилните судски одлуки, поднесува извештај за работата, како и за материјално-финансиско работење до управниот одбор и до Министерството за социјална политика, демографија и млади, се грижи за работната дисциплина, извршувањето на работните задачи и други работи во согласност со Законот, Статутот и другите акти на установата.

Контакт со директорот на Заводот,  може да остварите по пат на е-mail на адреса: juzzr-st@mtsp.gov.mk или на телефонскиот број 070/253-169

Skip to content