Стационар и
сместување
Стационарот се наоѓа на горниот кат од постариот објект и двата спрата од новата зграда. Се состои од повеќе простории: спални соби, простории за дневен престој и забава, санитарии со купатила за лична хигиена, кујна и трпезарија (поголемиот дел од активностите се одвиваат во овој оддел). Во новата зграда престојот на корисниците е во добро опремени апартмани од по 52 квадратни метри.
Корисниците во собите имаат компјутер, телевизор, DVD и музички систем и многу други уреди. Овде се сместени повозрасните и понезависни корисници, а некои од нив апартманите ги делат со другар со кој заедно го живеат животот. Во другата зграда се сместени помалите корисници и оние кои имаат поголема потреба од помош од друго лице. Собите се убаво наместени и прилагодени на нивните потреби.